Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ победи во 41 општина, резултат со кој треба да се гордееме, Македонија гласно си ја искажа волјата

Почитувани сограѓани,

Ви благодарам за посветеноста, несебичниот труд што го вложивте во оваа борба за Македонија. Благодарност до секој еден што го даде гласот за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ победи во 41 општина, тоа е резултат со кој треба да се гордееме. Македонија гласно си ја искажа волјата.

Сајтот на Државната изборна комисија не работи, а гласовите сомнително се броени. Власта со поткуп освои многу гласови.

Но, и покрај сите нерегуларности, ВМРО-ДПМНЕ останува најголемата политичка сила во Македонија.

Да сте живи и здрави, да ни е вечна Македонија.