Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на повисоки плати за 25%, редовна исплата на субвенциите и развој на земјоделието

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, носител на Изборна единица 3, Игор Јанушев денеска беше во посета Општина Чешиново-Облешево од каде што истакна дека 15 јули е денот кога СДСМ и Зоран Заев ќе ги пратиме во политичка пензија затоа што тие луѓе ни го украдоа достоинството, гордоста, просперитетот и иднината и а украдоа надежта за подобро утро со што ги натераа младите да ја напуштат Македонија.

„Она што ние ви го нудиме во оваа изборна програма се реални проекти, кои во предвидените рокови можат и мора да се реализираат и од тоа не смее да има отстапки. Ќе работиме за повисоки плати за 25% или за 6.500 денари повеќе за сите, ќе ги зголемиме пензиите за 20% или повеќе од 3000 денари повеќе за секој пензионер, ќе ја намалиме невработеноста под 10%, но предвидуваме и многу други работи како поголеми плати за сите професори, наставници, за целиот кадар во образованието“, потенцираше Јанушев.

Тој додаде дека тоа што е важно за овој регион и за Чешиново – Облешево, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на редовна исплата на субвенциите и на олеснет пристап до ИПАРД фондовите.

„Се обврзуваме на поддршка на инвестиции за воведување на систем „капка по капка“ и други системи за ефикасно и економично користење на водата, за овчарството ќе биде зголемена поддршката на основната мерка за 50%, односно од сегашните 1000 денари по грло ќе се исплаќа по 1500 денари по грло. Ќе бидат поддржувани проекти за набавка на механизација и опрема за примарно земјоделско производство, како и подигнување на нови и реконструкција на постоечки повеќегодишни насади, но и набавка на добиток од основно стадо“, изјави Јанушев

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ исто така нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи инвестиции за изградба на објекти и набавка на опрема за калибрирање и пакување на производите, мали винарски визби, мини млекарници и мандри и мини погони за преработка на месо.
– Ќе биде поддржана изградба и опремување на капацитети за разладување, пакување и чување на земјоделски производи, за замрзнување и сушење на овошје и зеленчук. И уште многу други проекти за развој на земјоделието и за помагање на земјоделците. Затоа е важно на овие избори да се гласа, само гласот значи желба за промени кон подобро. Затоа од овде, од Чешиново – Облешево да им порачаме дека им се бројат деновите. 15 јули е за помалку од 20 дена од сега. Крајот е извесен. Ќе си ја вратиме Македонија на граѓаните. Гордо и достоинствено, нагласи Јанушев