Јанушев во Штип: Лесно е да ја обвиниш опзицијата за запалените автомобили, но имало некоја пресметка во СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ ги продолжи своите активности од кампањата „Обнова за Македонија“. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, од Штип порача дека во овој град не е исполнето ниту едно ветување на социјалдемократите, најавувајќи оти нивниот крај доаѓа на изборите во април.

Тој го коментираше и неодамнешното плаење на автомобилите на локални социјалдемократи.

„Да бидам искрен, очекував да го видиме нивниот портпарол да излезе на прес и да го праша Мицкоски кој го запалил автомобилот. Веќе видена реторика, толку се во голема паника и не знаат што прават, што и да се случи во државата место да преземат одговорност со сите ресурси кои што ги имаат и во полицијата и да ги лоцираат сторителите, најлесно е да ја обвинат опозицијата. Од она што јас барем неофицијално го разбрав дека на овие настани претходеле други расправи во центарот за социјална заштита како што разбрав и дека станува за пресметка внатре во СДСМ“, одговори Јанушев.

Тој рече дека партијата се уште не одлучила кои ќе биодат нивните кандидати за министри во техничката влада од 3 јануари.

Се уште е прерано, а сите ние со своите капацитети умеење и знаење стоиме на располагање за онаму кај што ќе бидеме најкорисни да извршуваме одредени функции. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите. До трети јануари има доволно време за да ги понудиме најквалитетните и најдобрите решенија“, заклучи Јанушев.