Јанушев во Виница констатираше дека СДСМ не го запре иселувањето

На денешната средба со граѓаните на Виница, како дел од караванот „Разговори за обнова на Македонија“, Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, констатира криминално-рекетарската власт предводена од Заев буквално нема реализиран ниту еден капитален проект во овој град.

„Она што се најдобри, тоа продолжуваат да го прават, а тоа е да продолжат да лажат и да манипулираат со граѓаните.Она што е како еклатантен пример во Виница нешто на што ги добија односно освоија одреден број на гласови на претходните избори е дека ќе го запрат иселувањето е можеби најевидентно токму овде во Виница.Колку е добра целата ситуација во Република Македонија и  колку СДСМ и Заев се на добар пат имаме еден добар пример да видиме токму овде“, нагласи Јанушев и додаде:

„Значи градот е скоро празен, народот се иселува. И не се иселуваат само оние што не можат да најдат работа, туку се иселуваат буквално луѓе кои што имаат добри работни места, се затоа што  во Македонија нити има правна држава, нити има правна сигурност. И тоа е нешто за што ние како ВМРО-ДПМНЕ, како нова влада која што ќе ја формираме после изборите ќе треба сериозно, сериозно да преземеме акција, да преземеме мерки“.

Вели дека власта фали и да манипулира со граѓаните. Како такви примери ги посочува пречистителната станица и спортската сала во основното училиште „Славчо Стојменски“ кој што се обидуваат да си ги препишат како проекти кои што тие ги направиле.