Јанушев: За избори треба консензус затоа очекувам повторно лидерска средба

Секако дека има простор за договор кога да се оди на избори. По лидерската средба се виде дека она што Заев и СДСМ го поставија како ултиматум или избори на 21 јуни или редовни избори, ние се надеваме дека нема да биде така и ќе се постигне консензус, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во гостувањето на вестите на телевизија Канал 5.

Според него доколку консензуот е единствениот начин да се дојде до решение треба да има лидерска средба

„Јасно е дека треба да има консензус и очекувам дека ќе има повторно лидерска средба. Не може Заев да поставува ултиматуми и да прави што сака, рече Јанушев.