Јанушев: За три години СДСМ видовме многу зло, уништивање на државата, затоа им порачуваме ќе одговараат за сите злодела

20

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3 вечерва од Делчево рече заминуваат во историјата овие три и пол години на криминал, корупција, уцени, закани, тероризирање на народот, разнебитување на државата и укажа дека за сите овие работи, за сето зло што ни се случува виновен е буквално еден човек, тоа е Зоран Заев.

„Во овие три и пол години видовме многу зло, буквално уништивање на нашата држава, лажат за да си ја спасат сопствената кожа, но ние им порачуваме дека не само што е доста, туку и ќе одговараат за сите злодела во изминатиот перид и тоа ќе се случи во првите шест месеци од владата на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Јанушев.

Јанушев се осврна и на својот противник во ИЕ 3, Љупчо Николовски за кој рече дека ни еднаш не собра храброст да ги изнесеме аргументите на телевизиска дебата.

„Истиот тој зборува дека ВМРО-ДПМНЕ нема програма, мерки, со ВМРО-ДПМНЕ државата ќе се вратела назад, а истиот тој се колнеше нема да менува име, ги лажеше земјодлците, сега со истите лаги го манипулираат народот, ама овој пат народот доаѓа по своето, а тогаш нив лошо им се пишува“, рече Јанушев.

Говорејќи за лагите на СДСМ тој ја спомена и Радмила Шекеринска за која како што рече негираше дека се среќавала со Боки 13, за сега да каже дека дека била кај него и тоа збореле за законот за јавно обвинителство.

Јанушев потсети и на празните ветувања од СДСМ за повисоки плати, мерки за земјоделците, но како што рече  приказната за нив завршува. Тој се осврна и на програмата Проект-Обнова.

-Она што сакам да ви го кажам се наоѓа во оваа програма Проект-Обнова во која има мерки за сите буквално за сите граѓани повисоки плати, пензии, бесплатен приклучок на гасификација, пад на небработеноста под 10 проценти, имаме цел да се создадат услови каде младите ќе останат дома и и токму затоа една од првите мерки е бесплатно студирање во 2020/21 универзитетска година, а секој студент кој ќе се запише факултет и во првата година ќе има повисок од 8,5 просек во втората година ќе студира на државен трошок…“, рече Јанушев.

Јанушев на крајот повика да се гласа  за број 14 за 14 пратеници во ИЕ 3.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.