Јанушев: Жалам што Џафери не собра храброст да се извини за навредите кон мене, неговиот наратив е за осуда, не смее малолетни деца да се мешаат во собраниски дискусии

Навистина ми е жал што спикерот Џафери не е денес овде, а уште повеќе ми е жал што не најде доблест и храброст да се извини за вчерашните односно сабајлешните навреди и закани кон мене односно моите малолетни деца“, истакна Игор Јанушев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанушев додаде дека својот говор го има поделено на два дела, при што во првиот дел сака да се обрати до Талат Џафери.

„Ќе му се обратам на Талат за две работи, ако се сомнева дека било кој во Собранието користи дрога слободно заклучете ги вратите повикајте служби, би повикал само тука дополнително да се повика и цела Влада, но донесете и дрегери и да направиме тест и за дрога и за алкохол. И да не излеземе додека не ги добиеме резултатите. А, доколку со тоа што ми порача ако имам проблем со нечиј син да излезам надвор и да се видам, и ако мислеше на тоа да ги вркстиме нашите правни познавања бидејќи ијас сум дипломиран правник тогаш не надвор туку еве му предлагам да одбере на било која телевизија било кога и под било кои услови да го вркстиме знаењето за правната проблематика“, порача Јанушев.

Побара и да се осуди наративот на Талат Џафери, бидејќи не треба малолетни деца да се вмешаат во собраниски дискусии.

„А, сега неколку збора и за ова што го слушавме од ВД премиерот. Барем од неколкуте забелешки и од она што имавме прилика да го слушнеме, успешен начин на кој што ќе се продолжиле да ги решаваат проблемите со граѓаните. Оваа Влада со овој премиер е главниот генератор на проблемите на граѓаните“, нагласи Јанушев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.