Анже остана непоразен кај Сен Етјен

Во првиот дуел од 14-то коло на француското фудбалсло првенство Сен Етјен и Анже одиграа без голови, со што се остварија плановите на гостите да го минат непоразени незгодното гостување.

Анже моментално е седми на табелата со 23 бодови, додека Сен Етјен чии фудбалери на овој меч уште еднаш покажаа голам фрустрираност по добриот старт на сезоната, привремено е на 15-то место со 13 бодови, и по завршувањето на колото би можел да се најде во зоната на испаѓање од лигата.

На табелата води ПСЖ со 28 бодови, два повеќе од вториот Лил и третопласираниот Лион, а четири пред четвртиот Марсеј.

Француското првенство продолжува во сабота со само два меча: дербито во кое Марсеј го пречекува едно место послабо пласираниот Монако и дуелот меѓу осмиот Ленс и шестиот Монпелје.

Во недела на распоред се натпреварите: Ница – Рен, Стразбур – Мец, Лориен – Ним, Нант – Дижон, Брест – Ремс, Лил – Бордо, а програмата ја затвора дербито на колото на „Паркот на принцевите“ во кое ПСЖ е домаќин на Лион.