Апасиев бара 30.000 евра отштета за незаконско прислушување на телефонот

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев поднел тужба и бара оштета од 30.000 евра за незаконското следење, односно прислушување на неговите телефонски разговори.

– Ја известуваме јавноста дека, претседателот на Левица, Димитар Апасиев, вчера, на ден 11.01.2021, на покана на Основен кривичен суд – Скопје, во својство на оштетен, достави писмена изјава во врска со незаконското следење на лични комуникации. Станува збор за кривичниот предмет КОК бр. 47/17, во јавноста познат како „Таргет – Тврдина“. Со оглед дека од т.н. Специјално јавно обвинителство (СЈО) добив потврда за незаконското следење на моите комуникации, го известувам Судот дека се чуствувам за оштетен поради незаконско следење, т.е. прислушкување на моите телефонски разговори за подолг период. Исто така, доколку по постапката пред Судот се утврди одговорност и на давателот на телекомуникациските услуги (ONE/VIP/A1), чиј корисник е Апасиев, и врз кој телефонски број незаконски е применета посебна истражна мерка за илегално следење на лични комуникации, тој предјавува оштетно побарување и од компанијата за штетата што ја има претрпено – се вели во изјавата на Апасиев.