Апасиев: Договори во име на Републиката склучува Претседателот, Владата не е надлежна за договори за идентитетските прашања

533

Договорите во име на Републиката ги склучува претседателот на Република Македонија, а не премиерот не министерот за надворешни работи. Првиот дел од договорот содржи осум члена кои се надвор од овластувањата на Владата и влегуваат во билатерален договор кој што исклучителна ексклузивна надлежност има претседателот на Републиката. Владата не е надлежна за година за склучување и ратификација на договори за идентитетските прашања, изјави со Студио 1 на 1ТВ универзитетскиот професор Димитар Апасиев од Левица.

Според Апасиев постојат смртни правни пречки за договорот со Грција. Првата е претседателот кој согласно член 119 став 1, од Уставот на Република Македонија исклучиво е надлежен да склучува договори во име на државата и додава дека законот од времето на Киро Глигоров од 1998 година не предвидува владата да одлучува за идентитетските прашања затоа што тоа би било ултра вирес акт, односно акт на пречекорување на овластувањата.

Затоа првата пречка е ветото на претседателот. Карикираме да помине ратификацијата, на крајот доаѓа суспензивното вето на претседателот на Републиката. После тоа оди на второ гласање и ако и тогаш помине тогаш доаѓа џебното вето како со законот за јазици кој не стапи во сила, а не може ни да стапи. Тоа првата смртна правна пречка за овој договор, вели Апасиев.

Втората пречка која ја наведува Апасиев е Уставниот суд кој правниците на СДСМ го занемаруваат но забораваат дека во 2002 година Уставниот суд го укина токму билатералниот договор помеѓу Република Македонија и Грција за нафтоводот, затоа што тој можеби не е не е надлежен за договорот, но е надлежен за законот со кој се ратификува договорот.

Согласно нашето право, меѓународните договори не можат да се менуваат со закон. Тие се над законите, но под Уставот. Уставот е прв, па меѓународниот договор па законот. Оттука овој договор е спротивен и на Уставот, потенцира Апасиев.

Трета пречка според Апасиев е референдумот бидејќи во правото референдум мора да се реши со друг референдум, кој според него нема да успее бидејќи треба да излезат околу 900.000 гласачи, а тоа би било невозможно ако опозицијата бојкотира.

 Да ве потсетам во 1991 година референдумското прашање гласеше: Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија, а не Северна Македонија. Во правото тоа се нарекува рес јудиката односно пресудена работа. Народот еднаш пресудил дека државата ќе му се вика Македонија. Ако сакате државата да се вика друго вие морате да поминете на задолжителен референдум, а не консултативен. Повторно народот да пресуди дали сака државата да му се вика Северна Македонија, истакна Апасиев.

Четврта правна пречка која ја наведува тој е Собранието на Република Македонија каде две третини треба да гласаат за договорот, а тоа е невозможно без гласовите на ВМРО-ДПМНЕ.

На крај Апасиев додава уште две правни пречки. Петтата е Грчкиот Парламент каде треба три петини да гласаат за договорот, а Ципрас доколку и Каменос би го поддржал има само 153, а му требаат 180, а овој договорот за разлика од привремената спогодба, стриктно предвидува дека договорот стапува во сила откако ќе го изгласа Грчкиот Парламент. Додава и доколку тоа не успее како последна можност се наведува референдум во Грција кој никако не би успеал бидејќи грчкиот народ е против овој договор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.