Апасиев излажа дека ВМРО-ДПМНЕ правеле кворум за Законот за државјанство

Најголемата корист за Зоран Заев е во политичкото делување на Димитар Апасиев преку контролирано црпење на десните гласови, популизам, гола реторика…

Делувањето на Апасиев за многумина се сведува на зборови без чекори. Изминативе денови од ВМРО-ДПМНЕ посочија, од една страна Апасиев вели дека е против законот за државјанства, од друга страна не присуствуваше на седницата да гласа против во ситуација кога власта веќе имаше обезбедено кворум за гласање.

Иако Апасиев обвинуваше дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со присуството дале кворум, вистината е поинаква. Таа лежи во листинзите за гласање кои говорат дека СДСМ, ДУИ и останатите владејачки партии сами го обезбедија кворумот, додека пак ВМРО-ДПМНЕ гласаше против тој закон. Вистината е дека Апасиев бил незаинтересиран да гласа против.

Дека Левица е лажна опозиција која има задача од Заев да внесува раздор во опозицијата, неколку пати до сега потенцираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

И по завршувањето на 15 дневната расправа за ребалансот на најзначајниот документ во државата, Буџетот за 2021 година, кој беше усвоен, од опозицијата реагираа дека Левица има 0 минути присуство, 0 минути говор и 0 амандмани за обезбедување пари за граѓаните на кои им се најпотребни.

Пишувањето статуси не е доволно за добивање на доверба. Апасиев го говори она што народот сака да го чуе, а не прави ништо да го преточи тоа во дела.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.