Апасиев: Кој им вршел притисок на уставните судии?

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница – изјави денеска
Професорот Димитар Апасиев од Левица, еден од подносителите на инцијативата за оценување на уставноста, која денеска беше отфрлена од Уставниот суд јавно изрази сомневање во објективноста на судиите.
Тој рече дека има сознанија оти судиите биле повикувани на разговор пред денешната седница.

Срамен ден за владеење на правото, ова е политичка одлука на судиите. Да се испита можното сценарито кое е ден од судиите го кажа, дека судии биле повикани на разговори, да видиме кој ги повикал и им влијаел? Ние остануваме на ставот за бојкот, рече Апасиев.

Сомнеж за објективното одлучување на судиите фрли и самиот судија Јосиф Јосифовски, кој единствен со судијката Елена Гошева гласаа за иницијативата. Тој рече дека судиите кои гласале против иницијативата биле повикувани претходно за да им се изврши притисок како да гласаат.