Апасиев му се обрати на Мухиќ: Имаш легитимитет ама немаш карактер!

Како што беше професорски идол на цели генерации студен(к)ти, така ќе станеш идол на цел еден народ! Која фраерчина ќе бидеш сеа, со твојата вродена ноншалантност и таков со пура у устата, да не ги гласаш криминалниве уставни амадмани против кои говореше пред само три месеци. Ова на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ го објави лидерот на „Левица“, професорот Димитар Апасиев.

 

Е Мухучу, Мухичку…

Која фраерчина ќе бидеш сеа, со твојата вродена ноншалантност и таков со пура у устата, да не ги гласаш криминалниве уставни амадмани против кои говореше пред само три месеци…

Имаш и легитимитет за тоа (ама немаш КАРАКТЕР): не си член на СДСМ, а никаде во Програмата пред избори тоа го немаше.

Како што беше професорски идол на цели генерации студен(к)ти, така ќе станеш идол на цел еден народ!

Али пуста ПАРА, те направи и тебе обичен транзициски пацув. Мизерија од некогашниот Човек и Професор.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.