
Не може во ист ден да има избори и референдум, бидејќи тоа е спротивно на Изборниот законик и на Законот за спречување корупција, напиша на својот Фејсбук профил, професорот Димитар Апасиев од „Левица”.
Според важечкото право, невозможно е да има и ИЗБОРИ и РЕФЕРЕНДУМ во ист ден! Тоа е спротивно на Изборниот законик и на Законот за спречување корупција.
Можно е, во ист ден – недела – да има ИЛИ повеќе избори ИЛИ повеќе референдуми, но не и двете измешано.p.s. Тоа шо си замишљаат ова провладиниве „експертутки“ дека ќе го заебат народот ако во ист ден стават и референдум и избори – демек така ќе го обезбеделе цензусот од 900.000 избирачи – е гола вода. Впрочем, чл. 7 од Законот за рефрендум изрично го гарантира и ПРАВОТО НА НЕГЛАСАЊЕ, или популарно наречената „апстиненција“, т.е. „бојкот“! Така што, доколку го иссилуваат и овој процес, како и се друго досега – не постои сила кој ќе го натера граѓанинот да мора да земе две гласачки ливчиња, доколку не сака.
А башка што, ваквите мајмунџилаци ќе доведат до предвремено пензионирање на сегашниот владејачки естаблишмент, чиј рејтинг вртоглавно паѓа со секој изминат час (а камоли па ден).
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.