7.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Апасиев ѝ обезбеди кворум на власта за избор на Кацарска и за договорот важен за „Макпетрол“ и Телма

Партијата Левица во четвртокот на владејачките партии им обезбеди коворум во Сообранието.

Така, Димитар Апасиев и неговата партија дадоа кворум за изборот на Добрила Кацарска во Уставниот суд, на што се противеше најголемата опозиска партијна ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата која ја има најголемата пратеничка група во Собранието, владејачката СДСМ инсистираше на изборот на Кацарска во пресрет на одлучувањето за иницијативите кои се пред уставните судии.

Кацарска сега како уставен судија може да учествува да се изврши уште еден преседан, во кој таа со својот глас ќе може да влијае врз одлуката за оценување на уставноста на одлуката на поранешниот претседател Ѓорге Иванов за аболиција од страна на тогашниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов, за помилување на 56 лица во 2016 година, најголем дел опфатени со предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство, па со тоа да си ги потврди сопствените судења и пресуди.

Покрај тоа, денеска Апасиев и неговата партија обезбедија кворум и за законот со кој се опфаќа енергетскиот гигант „Макпетрол“, кој е единствен сопственик на телевизијата Телма, која е меѓу петте со национална концесија. Во Собранието се одлучуваше за спогодбата меѓу Владата и „Макпетрол“ за купопродажба на дел од гасоводот, во кој досега 50 отсто сопственик беше „Макпетрол“.

Оваа спогодба беше особено интересна за јавноста затоа што според ревизорска куќа гасоводот на кој Владата ќе врши откуп чини 36 милиони евра, а за само 50-процентниот удел во цевководот Владата, односно државата, же му плати на „Макпетрол“ 32 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека зад ваквиот договор стои спогодба телевизијата Телма целосно досега релативно балансираната уредувачка политика да ја преобрати во промоција на владаините активности. Вклучително и во последен момент откажувањето на договореното интервју со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.