Апасиев: Секоја наредна влада ќе има право да го раскине Договорот од Преспа

Универзитетскиот професор Димитар Апасиев со своето темелно познавање на правото во периодот пред и по референдумот за промена на името се наметна како еден од ретко храбрите политичари кои без ракавици на јавноста во Македонија и ја исцртаа суштинската ситуација.

Тој во интервју за Лидер.мк вели дека секоја наредна Влада на РМ, согласно Виенската конвенција за договорно право, ќе има правна можност да го раскине, односно еднострано да го поништи овој екстремно штетен и квислиншки т.н. Преспански договор меѓу Коѕијас и Димитров.

Власта не вложи чесен труд, туку направи антидржавен криминал! Тоа се најтешки кривични дела против државата опишани во нашиот Кривичен законик. На пример, според објавените тајни извори на Викиликс, постојат основи за сомневање дека Министерот за надворешни работи работел за интересите на странска држава како „заштитен извор“ и притоа сторил кривично дело шпионажа [казниво по чл. 316 од КЗ]. Премиерот, пак, беше пријавен во Основното јавно обвинителство дека го сторил делото загрозување на независноста [по чл. 308]; додека целата актуелна Влада може правно да се обвини за здружување заради вршење на непријателска дејност [чл. 324]. Дополнително, сите 80 пратеници во Собранието на РМ кои – спротивно на волјата на народот изразена на два референдума (задолжителниот од 1991 и консултативниот од 2018) гласаа ЗА пристапување кон промена на Уставот на РМ, а со цел промена на уставното име, во иднина – поточно во наредните дваесет години, колку што изнесува рокот за застареност – нема да можат мирно да спијат затоа што подлежат на кривично-правен прогон за сторен стек на кривичните дела: саботажа [чл. 315] и организирање отпор [чл. 387].

Доколку противправно се смени уставното име на Републиката, ќе следуваат денови на национална потиштеност и апатија кај народот, кој ќе биде фрустриран од тоа што не успеал да спречи една марионетска и вазалска власт, која е слуга на империјалните интереси на западот, да му направи ненадоместлива штета. Но, сепак, и во такви неповолни историски услови – ситуацијата не е безизлезна, затоа што во правото – уште од времето на Римското прав о па до денес – постои општоважечката максима дека: „Ниедно неправо не може да роди право“, односно дека „Од сопсвеното недело не може да се влече никаква корист“ (Iniuria propria non cadet in beneficium facientis)! Оттука, секоја наредна Влада на РМ, согласно Виенската конвенција за договорно право [1960], ќе има правна можност да го раскине, односно еднострано да го поништи овој екстремно штетен и квислиншки т.н. Преспански договор меѓу Коѕијас и Димитров – и тоа по повеќе правни основи, за кои подетално би говореле во некоја следна прилика. Тука само би спомнал дека според чл. 50 од оваа Конвенција, корупцијата т.е. „подмитувањето на претставник или на претставници на било која договорна страна“ претставува правовалиден основ за поништување на еден веќе склучен меѓународен договор, вели Апасиев.