Апасиев: ТАЧИ ќе ме тепа, ТЕЧЕ ќе ме брани

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи во дебата на ТВ Клан завчера ја критикуваше соработката на албанските партии со партијата Левица. Според него, дискурсот на оваа партија покажува колку е антиалбанска.

– Левица не ја прифаќа независноста на Косово. Левица го искина документот на кој што пишуваше на албански јазик – рече Тачи.

Потоа додаде дека не се појавува на дискусии во Собранието бидејќи ќе треба да го истепа лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Претседателот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев, реагираше на изјавата на Тачи.

„ТАЧИ ќе ме тепа, ТЕЧЕ ќе ме брани“, напиша тој на Твитер, додавајќи слика во коментар на која тој позира пред графит на кој се испишани зборовите „Нека дојде кој сака“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.