Апасиев: Уставот не дозволува менување на ратификуван мултилатерален договор, а никако на билатерален!

„Уставниот судија“ Талат Џафери пак ги измоча Македонците у фаца! Со ново кривично дело. Таман, за у затвор после падот на окупационата Влада, напиша на Твитер лидерот на Левица, Димитар Апасиев по одлуката на претседателот на Собранието да ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за распишување на референдум за укинување на договорот со Бугарија.

Апасиев на Фејсбук објасни каде се погрешил Џафери.

1. Спикерот не е надлежен да се впушта во мериторно оценување на иницијативата за распишување референдум, туку може само да ја цени нејзината „УРЕДНОСТ“ од формално-правен аспект.

2. Спикерот не може сам, без претходно МИСЛЕЊЕ од две собраниски комисии, да одлучи за уредноста на иницијативата.

3. Спикерот, доколку смета дека иницијативата е неуредна, прашањето го префрла на ПЛЕНУМОТ на Собранието, поради тоа што само тоа има уставна и материјална надлежност да цени дали истата ќе продолжи или ќе запре.

4. Единствено СОБРАНИЕТО (на пленарна седница), а не спикерот, е надлежно да одлучи ad meritum за уредноста на поднесената граѓанска иницијатива – преку носење на подзаконски правен акт наречен „Заклучок“ (а не „Известување“). Дури тогаш можеш да го известиш подносителот!

5. Толкувањето дека Уставот не дозволува менување на ратификуван меѓународен договор се однесува исклучиво само на МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ДОГОВОР, а никако на билатерален! Argumentum a fortiori, дури и Влада, а комоли пак Собранието, може да го раскине овој договор со Бугарија.

6. Со овој ultra vires акт на самоволие, кога спикерот се става во положба на уставен судија, сторил кривично дело „СПРЕЧУВАЊЕ НА ИЗБОРИ И ГЛАСАЊЕ“ казниво по чл. 158, ст. 1 од Кривичниот законик, со запретена затворска казна од минимум три години (за што правниот тим на Левица ќе процесира соодветна пријава во ОЈО).

7. Кој ти беше правен советник во случајов (Јетон или друг), нека ти ги врати ПАРИТЕ, оти нема појма од животот!

8. Можно е да те бомбардираме и со сто други иницијативи, со различни референдумски прашања, од типот: „Дали сте за тоа бивши амнестирани терористи да можат да извршуваат највисоки државни функции во Република Македонија?“…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.