Апасиев: Заев има ветено федерализација на земјата

356

Димитар Апасиев од Левица во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека следен чекор на политиките на Зоран Заев, ќе биде федерализација, односно кантонизација на Македонија, што според него лидерот на СДСМ веќе ја договорил.

Според Апасиев, Европската унија е антимуслиманска и сака да се подели Македонија, за делот населен со доминантно муслиманско население да остане надвор од ЕУ.

ЕУ му испорачува на СДСМ и Заев за измеќарлукот, за двојазичноста, за федерализацијата. Тоа е Тиранската платформа. Не само Беса, која и да е од албанските партии. Следниот чекор е кантонизација на Македонија, тоа Заев им го има ветено. Затоа граѓаните нека си пазат на кого го даваат својот глас, рече Апасиев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.