Апелација ја уважи лекарската документација на Катица Јанева, за да оди во куќен притвор

Скопскиот Апелациски суд попладнево донесе одлука со која ја уважи жалбата на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и и одреди мерка куќен притвор.

– Преиначено е првостепеното решение и одредена е мерка куќен притвор, заедно со мерки за претпазливост, велат од Апелацискиот суд за МИА.

Лекарската документација, додаваат од Апелација, укажува дека и со мерката куќен притвор може да се обезбеди присуството на Јанева.

Јанева беше уапсена како осомничена за случајот „Рекет“ на 21 август годинава, по што судот и одреди мерка притвор.