Апелација пресуди во корист на синдикатот на ЕСМ

Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија (ССЕРИ)  ја доби битката со раководството на државната ЕСМ за слободно синдикално организирање.

Апелацискиот суд  во Скопје  му наложи на АД ЕЛЕМ-ЕСМ да овозможи слобода во синдикалното организирање и да престани да се меша во синдикалното уредување.

– Оваа пресуда претставува уште една потврда на нашите укажувања дека работодавачот постапува спротивно на Законот за работни односи и колективните договори со што дирекно вршеше упад во синдикалното уредување и здружување  – велат од  ССЕРИ.