Апелација потврди: Петковски треба да му плати на премиерот 650.000 денари

Претседателот на НСДП, Тито Петковски треба да му плати на премиерот Никола Груевски 650 илјади денари за нарушена чест и углед откако денеска Апелациониот суд ја потврдил одлуката на Основиот суд Скопје 2, објави Плусинфо.

Судот во јули лани делумно ја усвои тужбата за клевета на премиерот дека Петрковски со дадената изјава за неделникот „Фокус“ намерно му наштетил на честа и угледот.

Груевски го тужеше лидерот на НСДП за клевета во текст објавен пред една година во „Фокус“, во кој Петковски рекол дека премиерот, со писмо испратено до генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун, го прифатил предлогот на Нимиц – Република Македонија (Скопје), непосредно пред одржувањето на Самитот на НАТО во Букурешт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.