Апелацискиот суд во Њу Ореланс ги ослободи 3,6-те милијарди долари за изградба на ѕидот со Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја поздрави одлуката на Апелцискиот суд од Њу Орлеанс со која дозволува употреба на 3,6-те милијарди долари од буџетот на Пентагон за изградба на ѕидот долж границата со Мексико. Ѕидот кон Мексико беше едно од предизборни ветувања на Трам во 2016 година, кое тој се уште не успева да го исполни, пренесоа француските медиуми.

Федералниот суд во декември го блокира користењето на овие  средства, што беа наменети за изградба на делницата од 800 километри на границата. По жалба на неговата администрација, Апелацискиот суд во Њу Орлеанс доцна синоќа ја укина одлуката на претходниот суд, додека предметот не се гледа посуштински. Иако и привремено, оваа одлука на администрацијата на Трамп и дозволува да почне да ги користи средствата.

„Неодамна Врховниот суд на САД блокира слична ваква одлука на  друг суд”, се наведува во образложението на Апелацискиот суд, давајќи и виза на одлуката од јули на највисоката судска инстанца во земјата, која веќе одобри користење на 2,5 милијарди долари воени средства за изградбата на други сектори од ѕидот.

„Судот ни даде зелено светло да почнеме со изградбата на еден од најважните делови на апсолутно неопходниот ѕид долж јужната граница”, подвлече Трамп на Твитер.

„Целиот ѕид се гради или е на пат да почне!”, додаде тој на твитот.

„Ова е победа за правната држава”, подвлече Белата куќа во соопштение. „Одлучни сме да ја гарантираме сигурноста на нашите граници и ќе го довршиме ѕидот“ додава Белата куќа во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.