Аплаузи за Миа Беговиќ за монодрамата „Сѐ што сум премолчела“

Во саботата, на 26 септември, во салонот на Културно-информативниот центар во Скопје, се одржа монодрамата „Сè што сум премолчела“, во изведба на хрватската актерка Миа Беговиќ, во присуство на претставници на Амбасадата на Република Хрватска во Македонија и Заедницата на Хрватите во РС. Македонија.

Со оваа претстава таа ја одбележа 30-годишнината од актерската кариера.

“Реализацијата на проектот, кој привлече големо внимание кај скопската публика, остава надеж дека циклусот ќе биде надополнет со други гостувања и презентации на хрватската глума како дел од проектот насловен ‘Вечер на хрватската драмска уметност во Скопје’“, велат од Хрватската заедница во Р.С. Македонија.

Режисер на монодрамата е Иван Лео Лемо, а асистент на режисерот е Анита Матиќ Делиќ.

Миа Беговиќ е позната по бројни телевизиски и театарски улоги, а се појави и во претставата „Буре барут“ на Дејан Дуковски во улогата на Тања.

Премиерата на претставата “Се што сум премолчела“ беше во театарот Видра во 2016 година. Театарските критичари ја толкуваат нејзината улога како зрело достигнување на искусна актерка која во монодрама полна со хумор и сатира директно толкува бројни улоги и емотивни трансформации, искушенија и разни расположенија, подеми и падови што ги носи животот и нераскинлива волја и оптимизам со кои успева да одржи сè вртлози и искушенија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.