Апликацијата МојДДВ и за корисниците на Ајфон

Управата за јавни приходи соопшти дека апликацијата МојДДВ веќе е достапна на Аpple store за корисниците на iOS.

Ова се случува 11 дена по стартот на овој проект со кој на граѓаните кои скенираат фискални сметки ќе им се врати дел од платениот ДДВ. Корисниците на Ајфон реагираа поради тоа што за нив немаше апликација.

Објаснувањето беше дека е тоа така поради мошне рестриктивните и строги правила на „Епл“.

Според УЈП, до 5 јули апликацијата МојДДВ ја симнале 58 илјади државјани, а очекувањата се таа бројка да достигне половина милион корисници.