Апликацијата СЕИ Нет на Македонска берза достапна за андроид корисниците

Македонска берза ја пушти во употреба мобилната апликација СЕИ Нет преку која корисниците на адроид телефони ќе можат без никакви проблеми да ги следат промените и работата на Македонската берза.

Отседа сите објавени информации за 116 котирани друштва ќе им бидат достапи на корисниците преку оваа апликација, се вели во соопштението на Македонска берза.

Корисниците ќе можат на самата апликација да си подесат што ги интересира и да имаат во тоа детален преглед и увид.

За сега, е предвидено апликацијата да можат да ја користат само корисниците со андроид телефони, а во иднина и телефоните кои работат на ИОС платформа.