Јапонците ќе добијат соба за спиење на работните места

Јапонските работодавачи воведоа задолжително спиење на работното место, и тоа ќе биде дел од нивните работни обврски. Тоа не значи дека ќе можат на некое време да ги „затворат очите“, туку ќе добијат соба за спиење.

И за тоа компаниите имаат вистинско оправдување. Според анализите кои ги направиле, јапонските компании годишно губат дури 138 милијарди долари поради недоволното спиење на работниците.

Компаниите до Министерството за здравство доставија предлог-закон во кој се предвидува на работниците да им се дозволи да спијат барем половина час за време на работниот ден. Неколку ИКТ компании веднаш го прифатија овој тренд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.