Јапонците се простуваат од Шинзо Абе, погребот е во вторник

Колата со посмртните останки на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе пристигна денеска во неговата резиденција во Токио.
Поворката ја напушти болницата во градот Нара рано утрово, каде што голем број Јапонци му оддаваат почит на убиениот политичар кој во вторник ќе биде погребан во неговиот роден град.

Ова е редок чин на политичко насилство што ја шокираше цела нација, пренесува Ројтерс.

Во понеделник ќе се одржи ноќно бдение, а Абе ќе биде погребан во вторник на 12 јули во родниот град Шимоносеки, во јапонската префектура Јамагучи, на кое ќе присуствуваат блиски пријатели, објавија јапонските медиуми.

Не се споменуваше јавна церемонија.

Абе, најдолговечниот јапонски премиер, беше убиен додека држеше говор во петокот наутро од страна на 41-годишен маж, а полицијата се обидува да ги утврди деталите за мотивите и методите што ги користел убиецот на Абе, Тецуја Јамагами. кој веднаш по нападот бил фатен и уапсен.

Тој и рекол на полицијата дека верува дека Абе бил поврзан со религиозна група која ја обвини дека финансиски ја уништила неговата мајка и го распарчила семејството, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на истражни извори.

Полицијата не ја идентификува религиозната група.