Јапонија ја иззема од ценовниот лимит руската нафта од Сахалин 2

Јапонија во понеделникот го воведе ограничувњето на цената на руската нафта на 60 долари за барел во рамките на договорот на групата Г7 и Европската унија, меѓутоа ги иззема испоралите од проектот Сахалин 2.

Јапонската влада објави денеска дека го вовела ограничувањето на цената на руската нафта, сепак, изземајќи ги од лимитот испораките на енергенсот од руското наоѓалиште Сахалин 2, во кој се произведува и течен природен гас (LNG) во кој јапонските компании имаат сопственички удели. Одлуката е донесена „за да се обезбеди снабдувањето на Јапонија со енергија“, наведе во објавата владата во Токио. Новите мерки ќе бидат воведени на 5-ти февраури следната година и ќе бидат објавени дополнително, се додава.

Истовремено јапонското Министерство за надворешни работи истакна дека плафонот на цената на руската нафта нема да влијае на снабдувањето со горивото според договорите склучени пред 5-ти декември, доколку суровината се испорача во Јапонија пред 19=ти јануари 2023 година.

Групата од седумте најразвиени земји Г7, по идејата на САД, Австралија и ЕУ одлучија од 5-ти декември да ја ограничат цената на руската нафта којашто се испорачува со бродови, со изговор дека сака да ги ограничат приходите на Русија за финансирање на војната во Украина, но истовремено да не предизвикаа посилни потреси на глобалниот нафтен пазар. Москва, пак, обвинува дека станува збор за мерка којашто на западните земји треба да им овозможи препродавање на руската нафта, и се закани дека воопшто нема да испорачува нафта и гас за земјите кои ќе се приклучат на ценовниот лимит.

Механизмот на превозниците и на осигурителите им наложува да ги ускратат услугите за транспортите на руската нафта чијашто цена надминува 60 долари за барел, но тоа важи само за транспортот до првата дестинација на истовар, а потоа може со неа да се тргува по пазарни цени од западните компании кои ќе ја преработат или откупат.