Јапонската влада побара од големите светски осигурителни компании да ги покриваат воените ризици за танкерите со течен природен гас (LNG) во руските територијални води, соопшти во вторникот висок функционер во јапонското министерство за индустрија.
Барањето до здружението на осигурителните компании со писмо го испратиле јапонските Агенцијата за финансиски услуги и Агенцијата за природни ресурси и енергија.
Официјално Токио сака непречен увоз на течен гас од наоѓалиштето Сахалин 2 во Русија, изјавил за Reuters неименуван функционер од јапонското министерство за индустрија. Станува збор за барање во контекстот и на одлуката на групата Г7 по иницијатива на САД, чија членка е и Јапонија, за ограничување на цената на руската нафта што треба да го спроведуваат осигурителните и транспортните компании со ускратување на услугите за барелот руска нафта поскапа од 60 долари.
Три јапонски осигурителни компании се подготвувале за суспендирање на услугите за поморското осигурувања од воен ризик, а одлуката на владата ги поттикна со реосигурителите да го разгледаат обновувањето на полисите, беше соопштено во понеделникот.
Јапонија на 5-ти декемви го воведе ограничувњето на цената на руската нафта на 60 долари за барел во рамките на договорот на групата Г7 и Европската унија, меѓутоа ги иззема испоралите од проектот Сахалин 2. Јапонската влада тогаш објави дека го вовела ограничувањето на цената на руската нафта, сепак, изземајќи ги од лимитот испораките на енергенсот од руското наоѓалиште Сахалин 2, во кој се произведува и течен природен гас (LNG) во кој јапонските компании имаат сопственички удели.
Одлуката е донесена „за да се обезбеди снабдувањето на Јапонија со енергија“, наведе во објавата владата во Токио. Новите мерки ќе бидат воведени на 5-ти февраури следната година и ќе бидат објавени дополнително, беше соопштенот.
Групата од седумте најразвиени земји Г7, по идејата на САД, Австралија и ЕУ одлучија од 5-ти декември да ја ограничат цената на руската нафта којашто се испорачува со бродови, со изговор дека сака да ги ограничат приходите на Русија за финансирање на војната во Украина, но истовремено да не предизвикаа посилни потреси на глобалниот нафтен пазар. Москва, пак, обвинува дека станува збор за мерка којашто на западните земји треба да им овозможи препродавање на руската нафта, и се закани дека воопшто нема да испорачува нафта и гас за земјите кои ќе се приклучат на ценовниот лимит.
Механизмот на превозниците и на осигурителите им наложува да ги ускратат услугите за транспортите на руската нафта чијашто цена надминува 60 долари за барел, но тоа важи само за транспортот до првата дестинација на истовар, а потоа може со неа да се тргува по пазарни цени од западните компании кои ќе ја преработат или откупат.