Јапонија ги стивнува стравовите од ерупција на вулканот Фуџи по земјотресот

Јапонските власти во петокот ги стивнуваат нагаѓањата и стравувањата за можна вулканска ерупција на планината Фуџи, највисокиот врв во земјата, по земјотресот со магнитуда од 4,8 по Рихтер кои ја отвори таквата тема на социјалните мрежи.

Земјотресот во 6,37 часот во петокот утрото по јапонско време, односно 22,37 по македонско во четвртокот, го погоди подрачјето во близина на култната планина Фуџи, 100 километри западно од главниот град Токио, но нема извештаи за настрадани или поголеми материјални штети.

Хаштагот „Mt Fuji eruption“ стана вирален на Twitter, откако еден корисни објави дека „Токио би бил во вистински проблеми доколу еруптира планината Фуџи. Имајќи предвид дека тоа заразата со коронавриусот е во тек, каде можеме да побегнеме?“.

Споменатиот вулкан последен пат еруптирал пред повеќе од 300 години, но сѐ уште е активен и повремено минува низ периоди на активнист кои можат да доведат до неколку стотици земјотреси годишно.

Јапонската влада предупреди минатата година дека секоја поголема ерупција би фрлила толку пепел врз Токио, што неговата мрежа на патнички возови и автопати би била парализирана три часа.

Јапонската метеорилошка агенција, меѓутоа, соопшти дека нема податоци кои укажуваат на зголемена веројатност од ерупција на вулканот на планината Фуџи.

„Не забележавме никакви посебни абнормалности во податоците на набљудување во врска со планината Фуџи. Веројатно нема никаква поврзаност (меѓу земјотресот и можната ерупција)“, изјави портпаролот на агенцијата за медиумите.