Јапонија последен полуфиналист на Мундијалот во фудбал на песок

Репрезентацијата на Јапонија избори учество во полуфиналето на Светското првенство на плажа кое се игра во Парагвај. Јапонците ноќеска го совладаа Уругвај со 3:2 во последната четвртфинална пресметка.

Резултати на другите три четвртфиналиња:
Бразил – Русија 3:4
Сенегал – Португалија 2:4
Италија – Швајцарија 5:4.

Во полуфиналето ќе играат:
Јапонија – Португалија и
Италија – Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.