Јапонија потврди појава на нов трет сој на коронавирусот кај патници од Бразил

61

Во Јапонија е откриен нов сој на коронавирусот SARS-CoV-2, а бил идентифукуван кај четворица патници од бразилската држава Амазонас, пренесуваат во неделата јапонските медиуми.

Јапонското министерство за здравство соопшти дека се спроведуваат студии за ефикасноста на вакцините против новиот трет сој, којшто се разликува од многу позаразните варијанти на вирусот откриени првпат во Велика Британија, и речиси истовремено во Јужноафриканската Република.

Според Националниот институт за заразни болести на Јапонија, во моментов нема докази дека новиот тип пронајден кај патници од Бразил е многу позаразен, пренесува новинската агенција Kydo.

Четворицата заразени патници пристигнале преку токискиот аеродром „Ханеда“ на 2-ри јануари. Станува збор за 40-годишен маж со проблеми со дишењето, 30-годишна жена со главоболка и болки во грлото, тинејџерка со висока температура и друга жена на околу 30 години без симптоми.

Поради силниот скок на новозаразени Јапонија прогласи вонредна состојба за Токио и три префектури во непосредна близина на главниот град. Во таа држава веќе има околу 289.000 заразени и 4.061 смртни случаи,

Потврдата дојде истовремено кога премиерот Јошихиде Суга изјави дека владата ќе почека „неколку дена“ пред да процени дали да се прошири вонредната состојба прогласена поради пандемијата на коронавирусите во префектурите Осака, Кјото и Хјого.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.