Јапонија се придржува кон планот за намалување на штетните емисии на јаглерод

Јапонија ќе се придржува кон предвидените норми за намалување на штетните емисии на јаглерод според ажурираниот план поднесен до ОН согласно меѓународното решавање на проблемот со климатските промени.

Според планот, емисиите на јаглеродот во оваа земја треба до 2030 година да бидат намалени за 26 отсто во однос на нивото од 2013 година.

Додека Британија и поголемиот дел на Европа имаат за цел целосно да ги суспендираат емисиите на јаглерод до 2050 година, Јапонија е единствената земја од Г7 која и понатаму гради електрани на јаглен, кои се еден од главните причинители за климатското затоплување.