Јапонија: Северна Кореја развива нови балистички ракети со краток дострел

Постојат индиции дека Пјонгјанг развива боеви глави со кои би можел да го пробие штитот за балистички ракети кој е дел од одбраната на Јапонија.

Ова денеска го изјави јапонскиот министер за одбрана Такеџи Иваја, укажувајќи и на неправилните траектории на најновите ракети што ги лансирала Северна Кореја.

Според него, Јапонија верува дека тоа се нови балистички ракети со краток дострел.

https://www.youtube.com/watch?v=EMMp-BIpTMQ