Јапонија тестира зголемување на бројот гледачи на стадионите на 80 отсто од капацитите

Кон крајот на октомври во Јокохама на три бејзбол натпревара ќе биде дозволено до 80 отсто од исполнетоста на стадионот со капацитет од 34.000 гледачи, за да се тестираат мерките за заштита од ширењето на заразата со коронавирусот на големите настани во пресрет на Олимписките игри кои беа одложени за следното лето во Токио.

Досега посетата на спортските стадиони во Јапонија беше ограничена на 50 отсто од капацитетите, и повеќето од натпреварите беа одиграни без ниеден нов случај на зараза.

Министерот за економско закрепнување Јусотоши Нишимура, кој е прв човек на телото за борба против коронавирусот во Јапонија, изјави дека доколку овој експеримент во Јокохама биде успешен, ќе се дозволи зголемување на бројот на гледачите и на другите натпревари.