Јапонија во финансиски проблем, јенот ослабе во однос на доларот

Mинистерот за финансии на Јапонија, Шуничи Сузуки, изјави дека јапонските власти сакаат да преговараат со САД за брзото слабеење на јенот во однос на доларот.

Ваквата реакција на Сузуки доаѓа откако националната валута на Јапонија падна на најниско ниво во мај 2002 година. Во моментов, доларот вреди околу 127 јени.

Сузуки отпатува за Вашингтон за да учествува на состанокот на министрите за финансии и централните банкари на Г-20 на 20 април. Планирано е таму да разговара за ситуацијата со американските партнери.