Јапонка наполни 117 години, официјално најстара е на светот

Кане Танака е официјално најстарата личност на светот, а 117-от роденден го прослави во старскиот дом во Фукуoка на југот од Јапонија.

На роденденската прослава во неделата присуствуваа персоналот на старскиот дом во кој е згрижена и пријателите, а беше прикажана во специјална репортажа на телевизијата TVQ Kyushu Broadcasting Co.

Танака, чијшто роденден беше на 2-ри јануари, зема парле од роденденскиот колач и коментираше со насмевка „Вкусно е, сакам уште“.

Танака минатата 2019 година беше прогласена за најстарата жива личност, според Гинисовата книга на рекордите. Таа е родена 1903 година, се омажила во 1922 година за Хидео Танака, со кого имала четири деца и посвоиле петто.

Нејзината рекордна возраст ја симболизира долговечноста на јапонската нација, која заедно со ниската стапка на наталитетот ја зголемува загриженоста поради недостигот од работна сила и можноста за идниот економски раст.

Најголем број лица со надминати 100 години се регистрирани во Јапонија (околу 51 илјади) и во САД (околу 53 илјади).

Бројот на бебињата родени во Јапонија падна според процената е 5,9 отсто на помалку 900.000 првпат откако се собираат ваквите податоци од 1899 година, според јапонскоо министерство за социјална грижа.