Јапонската Влада нема да воведе вонредна состојба во цела држава

Print

Јапонската Влада соопшти дека не постојат причини за воведување вонредна состојба надвор од Токио и уште неколку други градови.

Владиниот портпарол изјави пред новинарите дека засега немаат научна евиденција која би укажувала на тоа дека вонредната состојба треба да се прошири на Ходаидо или други региони на Јапонија.

Претходно, јапонската Влада воведе вонредна состојба во Токио и околината, како и во уште шест префектури заради запирање на ширењето на коронавирусот. Со тоа, на гувернерите им се овозможува од граѓаните да побараат да останат во своите домови, како и можност да побараат затворање на деловни објекти. Не се предвидени казни за прекршување на ваквите мерки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.