Јапонски гигант во Србија вложува речис две милијарди долари

Јапонскиот произведувач на електрични мотори „Nidek“, неофицијално веќе го отворил своето претставништво во Србија, каде што би требало да вложи 1,9 милијарди американски долари, пренесуваат тамошните медиуми.

Доаѓањето на овој гигант во Србија е најавувано како „револуција во реиндустријализацијата“ на Нови Сад. Според засега достапните информации, погонот на „Nidek“ ќе биде еден од најголемите производствени центри на јапонската компанија во Еврпа, чие годишно производство меѓу 200.000 и 300.000 примероци до 2023 година.

За доаѓањето на „Nidek“ во Србија претходно пишуваа и јапонските медиуми. Така, на почетокот од ноември, влијателниот токиски деловен дневен весник Nikkei најави дека компанијата ќе вложи 200 милијарди јени, односно 1,9 милијарди долари, во градење фабрика за мороти за електрични возила.

Челникот на јапонската компанија Јун Секи во септември престојувал во Србија, кога со претседателот Александар Вучиќ разговарал за можната инвестиција. Делегацијата на компанијата „Nidek“ тогаш ја посетила и зоната „Север 4“ во новосадската индустриска зона во Нови Сад. На административниот центар на покраината Војводина, му конкурирале уште два европски града.

Корпорацијата „Nidek“ има најголем удел на глобалниот пазар за мали вретенести мотори кои напојуваат хард-диск погони. Од 2017 година компанијатаима 296 филијали, кои освен во Јапонија, се наоѓаат и ширум Азија, Европа и Америка.