Јапонски нутриционист кажа која е идеалната храна

Јапонскиот нутриционист и фитнес инструктор Јуко Фукано во статија на порталот Yahoo News Japan наведува дека „совршената“ храна може да се најде во секоја продавница и посочува дека јајцата се една од најздравите намирници.

„Тие се богати со избалансиран сет од хранливи материи, евтини се и се продаваат во сите продавници со прехранбени производи“, вели Фукано.

Стручњакот, исто така, нагласува дека изобилството од аминокиселини ги прави јајцата одлична храна за оние кои посветуваат многу внимание на физичките активности и тренинзи. Според него, помагаат во ублажувањето на заморот и болката, а го поттикнуваат и растот на мускулите.

Но Фукано предупредува дека на јајцата им недостигаат витаминот Ц и диеталните влакна, па затоа препорачува да се консумираат со ориз, зеленчук, па дури и овошје за да се надополни балансот.