Јапонски платеник загина во Украина

Јапонец кој се борел во редовите на единиците на странските платеници на страната на украинската војска загинал во Украина и е првата потврдена јапонска жртва во војната, соопшти во петокот владата во Токио.

Младиот маж во дваесеттите години загинал во борба во средата, изјавил за новинарите портпаролот на јапонската влада Хироказу Мацуно.

Функционер од јапонското министерство за надворешни работи изјавил за AFP дека момчето е првиот јапонски државјанин кој загинал во Украина „од почетокот на инвазијата во февруари“.

Јапонските дипломати се „во контакт со неговото семејство и ќе им ја пружат секоја помош“, додал портпаролот Мацуно.

Јапонските власти не откриваат повеќе поединости. Новинската агенција Jiji Press објави дека младиот маж се борел во единица која учествувала во украинската протиофанзива на источното боиште.

Јапонската влада со месеци ги повикува своите државјани да ја напуштат Украина и да не патуваат во оваа земја.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во февруари отворено ги повика странците од цел свет да се приклучат на „Меѓународната легија“ кој се бори против Русија, иако според некои аналитичари извесен број странски граѓани и претходно биле вклучени во украинската војска

Околу 20.000, меѓународни доброволци како што ги нарекува Киев, повеќето од европските земји, во март дошле во Украина, рече тогаш за американската телевизија CNN украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Москва, за кои овие борци се платеници, оцени во јуни дека нивната бројка изнесува 7.000 од 58 земји, со податокот дека најмалку 2.000 од нив се убиени. Странски платеници има и меѓу заробениците, инсерти од чии сослушувања често се емитуваат на руските медиуми.

Власите во Тајпеј минатата седмица потврдија дека 25-годишен жител на Тајван кој се борел на украинската страна бил убиен во борба, што е исто така првата потврдена тајванска жртва во оваа војна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.