Јапонски сестри со 108 години се најстарите идентични близначки на светот

Според податоците на Гинисовата книга на рекордите, сестри од Јапонија со 107 години и 330 дена се прогласени за најстарите идентични, односно еднојајчани близачки на светот.

Умено Сумијама и Коуме Кодама го соборија во вторникот претходниот рекорд кој досега го држеа сега покојните нивни сонароднички, близначките Кин Нарита и Гин Кание коишто, исто така, навршија 107 години. Кин почина во јануари 2000-та, а Гин една година подоцна во 2001 година.

Умено и Коуме се родени 5-ти ноември 1913 година на островот Шодошими во западна Јапонија, како третата и четврттата од единаесетте браќа и сестри во семејството.

Информацијата е потврдена во понеделникот за да се совпадне со Денот на почитување кон постарите лица, што е државен празник во Јапонија. Во соопштението на Гинис од понеделникот се наведува дека близначките се признати како нови носителки на титулаа на 1-ви септември годинва.

Поради пандемијата на коронавирусот, на сестрите потврдата од Гинисовата книга на рекордите им пристигнала во пензионерските домови во различни делови на Јапонија, во коишто живеат во моментов.

Близначките се раздвоиле по завршувањето на основното училиште, како Кодаму ја испратиле да работи како собоарка во Оито на јужниот капобнски остров Кјушу, Таа подоцна се омажила, додека Сумијама сотанала на островот каде пораснала и таму основала семејство. Умено Сумијама има четири деца, а Куоме Кодама три.

Со децении преокупирани со сопствените животи, сестрите ретко се среќавале сѐ додека не наполниле 70 години. И денес живеат во одвоени пензионерски домови.

Според податоците на министерството за здравство, околу 29 отсто од 125 милиони Јапонци, нацијата со најдолгиот животен век во светот, имаат 65 или повеќе години. Околу 86.510 од нив се стогодшници од кои половината оваа година наполниле 100 години. Поради тоа не е изненадување што моментално најстарата личност на светот е Јапонка, 118-годишната Кане Танаке.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.