Јапонските осигурители подготвени да ги продолжат полисите за бродовите со руски течен гас

Јапонските компании ќе продолжат да ги осигуруваат боровите кои пренесуваа руски течен гас (LNG) кои пловат во руските води од воени штети, и се очекува тоа да трае најмалку до март следната година, објави во петокот јапонската јавна телевизија NHK.

Минатата седмица токискиот деловен дневен весник Nikkei објави дека големите јапонски осигурителни компании „Tokio Marine & Nichido Fire Insurance“, „Sompo Japan Insurance“ и „Mitsui Sumitomo Insurance“ од јануари нема да ги осигуруваат бродовите во руските и украинските територијални води од воени штети и ризик по товарите. Одлуката, како што беше наведено, била предизвикана од одбивањето на странските компании за реосигурување да склучат договори кои се засноваат на воените ризици со пловењето во руските води.

Јапонската влада, за којашто е исклучително важно снабдувањето со течен природен гас (LNG) од проектот Сахалин 2, во кој удели имаат и јапонски компании, побара од секторот да продолжи со осигурувањето на пловилата и товарите.

Во текот на преговорите, како што извести NHK, било договорено сепак да продолжат осигурителните услуги, и се очекува да бидат овозможени до март 2023 година. Истовремено, износот на надоместокот за осигурувањето ќе биде понизок, а според весникот Yomiuri може да биде намален и бројот танкери кои ќе бидат во функција.

Тоа е резултат на интервенцијата на владата во Токио преку функционер од министерството за индустрија од каде потврдија дека било барано од осигурителните компании да преземат дополнителни ризици и да го продолжат осигурувањето од воен ризик за бродовите со течен гас. Владата со тоа сака во пикот на зимската побарувачка да обезбеди увоз на течен гас од нафтено-гасниот проект Сахалин 2 на рускиот Далечен исток.

Осигурителните компании сега преговараат со реосигурателите кои би требало да преземат дел од ризикот и се очекува дека тоа овозможува продолжување на осигурувањето до март следната година, додека сѐ уште не е јасно дали ќе продолжи и во април, пишува сега Nikkei.

По повторните преговори со британските реосигуратели, се очекува дека ќе бидат покриени ризици во вкупен износ од 30 милијарди јени, или 224 милиони американски долари. Јапонските осигуратели ќе го покријат износот од околу 8 милијарди јени, а странските реосигурители околу 22 милијарди, пишува денеска Nikkei.

Меѓутоа, гарантните капацитети ќе бидат повеќе од половина помали од досегашниот, што значи дека веројатно ќе се покрива половина помалку од бродовите. Тоа, пак, значи дека превозниците можеби ќе бидат присилени да ги преиспитаат своите активности, проценува Nikkei.

Извори од осигурителниот сектор го потврдиле во петокот извештајот на Nikkei и за британската агенција Reuters потврдиле екле дека осигурувањето ќе го покрива воениот ризик до март.