Јапонското јаболко е моќен антиоксиданс

Луѓето или го обожаваат или го мразат, што најчесто е резултат на рана консумација – присуството на танин дава чувство на „собирање на устата“.

Овој ефект се губи доколку јаболкото се остави да отстои уште неколку дена, со што се претвора во неверојатно слатко овошје. Исто така, постои сорта која се нарекува „чоколадна“ и не содржи танин, па може да се јаде уште додека е тврдо.

Антиоксидансите ги заштитуваат клетките од оштетувања. Еден моќен антиоксиданс е витаминот Ц, а едно јапонско јаболко содржи 20% од дневната потребна количина на овој витамин. Исто така, поради присуството на витамин К, го заштитува кардиоваскуларниот систем.

1. Богати со антиоксиданси

Антиоксидансите ги заштитуваат клетките од оштетувања. Еден моќен антиоксиданс е витаминот Ц, а едно јапонско јаболко содржи 20% од дневната потребна количина на овој витамин. Исто така, поради присуството на витамин К, го заштитува кардиоваскуларниот систем.

2. Содржи бета каротен

Уште еден моќен антиоксиданс кој во големи количини е застапен во храната со портокалова боја. Бета каротенот во човечкото тело се трансформира во витамин А, кој е чувар на видот и здравата кожа, бидејќи ја заштитува од дејството на сончевите зраци и поттикнува обнова на ткивата.

3. Богат извор на растителни влакна

Растителните влакна кои се наоѓаат во јапонските јаболка го регулираат нивото на холестеролот и шеќерот во крвта. Освен тоа, помагаат за подобра дигестија и ги чуваат „добрите“ бактерии во цревата.

4. Изобилува со селен

Селенот е минерал кој има важна улога за имунолошкиот систем особено во создавање бели крвни зрнца (леукоцити), кои се борат против инфекциите во телото. Исто така, учествува во борба против слободните радикали и ја намалува веројатноста за појава на клетки на рак, особено на простатата, белите дробови, рак на дојка и дебело црево. При појава на рак, го инхибира неговото ширење и го чисти телото од штетните последици од радиотерапијата.

5. Останати придобивки

Во свежа форма ги олеснува проблемите со тврдата столица, а во сварена форма проблемите со дијареја. Истовремено, го подобрува варењето и ги чува „добрите бактерии“ во дигестивниот тракт, го ублажува мамурлакот, го зајакнува имунитетот и го намалува апетитот, што го прави идеална храна доколку сте на диета.

Во азиската кујна, освен што се јаде свежо, многу често се консумира во сушена форма како додаток на колачи и ориз или од него се прави вино.