Appl лансираше бежични слушаки AirPods Pro за изолирање на бучавата

Американскиот технолошки гигант Apple ги претстави безжичните слушалки AirPods Pro, со активно поништување на буката, кои може да се нарачаат однапред, соопшти компанијата.

„Секој чифт слушалки доаѓа со меки флексибилни силиконски капаци во три големини кои ја добиваат посакуваната форма во склад со посебната геомертија на увото на корисникот. Слушалките се цврсто фиксирани и ја блокираат надворешната бучава, создавајаќи импресивен звук“, велат дизајнерите.

Со помош на сензорите на куќиштето од слушалките може да се активира намалување на шумот или корисникот да се префлри на „Транспарентен режим“. Кога се користи „Транспарентниот режим“, корисникот ќе ги слушне некои звуци од околината. „Тоа овозможува, на пример, да ја слушнеме буката од автомобилите кои се приближуваат додека џогирате или да не пропуштите важна најава во јавниот транспорт на пат кон работното место“, укажуваат од компанијата.

Слушалките AirPods Pro се отпорни на пот и вода, и може да работат до пет часа во режим на слушање музика, до 4,5 часа со активно елиминирање на буката или 3,5 часа во режим на разговори. Користејќи го вграденото полнење, времетраењето може да се продолжи до 24 и 18 часа соодветно.

Слушалките ќе чинат 249 американски долари, и веќе може да се нарачаат преку интернет и преку апликацијата Apple Store app, а во малопродажбата ќе бидат достапни од среда.

Досега слушалките на Apple – жичните EarPods и целосно безжичните AirPods – имаа отворен дизајн со тврди куќишта кои не го покриваат ушниот канал. Новиот дизајн би можел да помогне да се реши еден од најголемите проблеми со AirPods, односно што тие не се вклопуваат во сите уши безбедно.