Apple ќе претстави три модела на iPhone есента 2019-та

167

Американскиот технолошки гигант Apple есента 2019 година ќе претстави три нови модела од водечкиот паметен телефон iPhone, пишува во петокот магазинот The Wall Street Journal, повикувајќи се на свои извори.

Според написот, еден од трите модела ќе добие тројна задна камера, додека другите два ќе бидат опремени со веќе познатата на корисниците двојна камера. Изворите на магазинот, исто така, тврдат дека компанијата ќе ја задржи технологијата LCD за екраните и ќе ги претстави новите модели и покрај тоа што моделот iPhone XR лансиран во 2018 година не предизвика голем интерс кај порошувачите.

Претставници на Apple одбиле да ја коментираат оваа информација.

Вообичаено, презентациите на новите модели од продукцијата на компанијата се организираат во седиштетот на Apple во Купертино , во сојузната држава Калифорнија, на почетокот од есента. Минатата 2018 година беа претставени, исто така, три нови модела паметни телефони: подобрената верзија на iPhone X, iPhone XS, iPhone XS Max и iPhone XR, како и четвртата генерација на паметните часовници на Apple Watch.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.