Apple Watch „за сиромашните“ чини 280 долари

Покрај водечкиот модел Apple Watch Series 6 во вторникот на традиционалната септемвриска презентација на американскиот технолошки гигант „Apple“ беше прикажана и неговата поевтина варијанта SE.

Новиот продукт се заснова на застарениот процесор S5 и воопшто е значително поедноставен. Во „Apple“ новата „евтина“ верзија ја претставија како замена за сѐ уште популарната Series 3. Од компанијата истакнаа дека SE ќе бидат погодни за деца и за постари лица, а уредите ќе чинат 280 американски долари.

Покрај тоа, ниту Apple Watch Series 6, ниту SE нема да добијат USB полначи во целосниот пакет. Компанијата ваквата непопуларна одлука ја објасни со загриженоста за животната средина, а корисниците ќе мора да купат дополнитела меморија, секако за дополнителни средства.

Претходно извршниот директор на „Apple“, Тим Кук, ја претстави новата генерација паметни часовници Apple Watch. Шестата верзија на популарниот гаџет беше презентирана на денешното традициоанлно есенско претставување на корпорацијата.

Дизајнерите во Аpple Watch Series 6 се фокусирале на функциите насочени на следењето на физичката состојба на корисникот. На презентацијата учествуваа со свои искази и конкретни луѓе на кои Аpple Watch им го спасил животот.

Новата верзија на часовникот не претрпела поголеми промени во дизајнот, односно се следи коинтинуитет со претходните модели на Аpple Watch. Новиот уред ќе биде достапен во неколку бои: сина, златна, сива и црвена.

Во Apple Watch Series 6 е вграден двојадрен процесор S6, кој е заснован на процесорот A13 Bionic кој е искористен во iPhone 11. Новиот производ ќе добие и низа обновена дополнителна опрема. Часовникот во основната верзија ќе чини 400 долари.

Како и новиот часовник на Apple, и претходните верзии сега ја добиваат опцијата WatchOS 7. Апликацијата „Кислород во крвта“ ќе овозможи да се измери нивото во кислородот за само 15 секунди, благодарение на вградениот сензор за кислород. Како што истакнуваат од компанијата, тоа ќе им го олесни секојдневието на многумина со хронични заболувања, на пример, на астматичарите.

На сајтот на корпорацијата во вторникот, исто така, беше директно пренесувана и презентацијата на новиот ажурираниот модел на таблетот iPad 8. Цената на овој уред започнува од 329 долари, во зависност од конфигурацијата.

Обновениот модел на „најпопуларниот таблет“ од Apple е снабден со процесорот A12 Bionic, кој може да процесира до 5 трилиони операции во секунда. Благодарение на него, како што појаснија од компанијата, новата генерација iPad ќе функционира 40 отсто побрзо од својот претходник и неколкупати побрзо од конкурентските уреди на другите произведувачи.

Според презентираните податоци, доработената батерија ќе овозможни 24-часовно користење на iPad 8 без повторно полнење. Уредот ќе поддржува и работа со стилусот (пенкалото) Apple Pencil и тастатура којашто ќе може да се додава и отстранува.