Апсења на повеќе места во Македонија

На 25.01.2023 во 11.35 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(55) од с.Сарај, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени 26 пакувања со хероин.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.01.2023 во 22.35 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.01.2023 во 15.00 часот во село Черкези, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.С.(25) и Б.Б.(50), двајцата од Куманово. При преглед во патничко моторно возило „фолксваген голф” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.С., а совозач бил Б.Б., била пронајдена прашкаста материја.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

На 25.01.2023 на ул.,,Новачки пат“ во Битола, од страна на криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода А.П.(28) од с.Горно Агларци, општина Новаци и Ф.Д.(22) од Битола.

При преглед во патничко моторно возило „ауди“ со битолски ознаки, кое го управувал А.П., а совозач бил Ф.Д., била пронајдена и одземена марихуана.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.