Апсења во Скопје, за марихуана и за кражба

Едно лице во неделата едно лице е уапсени во центарот на Скопје, откако полициски службеници кај него откриле марихуана, а две лица од кое едното е малолетно се уапсени кога биле фатени во кражба.

Вчера околѕ 13.10 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок

Малку подоцна, во 15.15 часот на подрачјето на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и полициски службеници од Полициската станица Карпош биле лишени од слобода А.Л.(22) и малолетник од Скопје.

Тие биле затекнати при извршување на кривично дело тешка кражба во обид, а кај нив бил пронајден и одземен предмет поврзан со кривичното дело.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок